Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Planiranje (Makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
Содржина:
Вовед..................................................................................................................3, 4 страна
Нивоа и кадар во планирањето...........................................................................5 страна
Хоризонти во планирањето.............................................................................6, 7 страна
Чекори во планирањето...................................................................................8, 9 страна
Информациите – основа во планирањето............................................10, 11, 12 страна
Заклучок...............................................................................................................13 страна
Користена литература........................................................................................14 страна
Вовед
Човекот одсекогаш настојувал своите животни и работни активности да ги реализира со што е можно поголема мера на рационалност. Секоја смислена акција на човекот однапред е условена со еден комплексен процес на мислење во кој се согледуваат сите релевантни фактори за идниот процес. Овој разумен процес кој го насочува човековото однесување кон рационално постигнување на однапред поставена цел се вика планирање. Значи и планирањето може да се смета како дел од подготовката на одредена акција или процес. Планирањето претставува основа во секој вид човечка дејност и разумно поврзување на она што е во сегашноста со она што се сака да се постигне во иднината. Од етимолошки аспект, зборот планирање потекнува од латинскиот збор „планум“ што значи рамна површина.
Барањето на кратко и концизно дефинирање на планирањето, поради комплексноста која во себе ја носи оваа основна функција не е можно да се исполни. Разни теоретичари различно го дефинираат планирањето, а особено бизнис планирањето. Неговата појава се поврзува со формирањето и развојот на индустриските организации и научниот менаџмент. Тоа е дел од менаџерските активности, функција на менаџментот која им претходи на сите останати функции во претпријатието. Постојат различни мислења за тоа која е суштината на менаџментот.
Едни го дефинираат како процес на размислување, на организирано предвидување на визијата базирано врз факти и искуство кое е потребно за умствена акција. Значи, планирањето е процес кој наложува свесно да се одредат тековите на дејствување и разумно да се одлучува врз база на цели, знаења и проценки.
Други го дефинираат како процес на одлучување, процес со кој се одлучува какви цели да се одредат за иден временски период и што да се направи за да се постигнат тие цели. Тоа е процес на избирање мисија, цели и акции за нивно остварување. Планскиот процес има смисол само ако се реализираат планските одлуки преку превземање акции. Во рамките на ова гледиште се среќаваат автори кои ја истакнуваат насоченоста на планирањето кон иднината. Сметаат дека планирањето е одредување на посакувана иднина и изнаоѓање ефективни начини како таа да се постигне. Тоа не е претскажување на иднината, туку процес на контрола на иднината. Во оваа насока се движи и дефиницијата дека суштината на планирањето е да се донесат денешните одлуки со познавање на нивната иднина.
Трети автори го проучуваат планскиот процес од аспект на неговата содржина. Тие го дефинираат како фаза во процесот на управување во која се донесуваат плански одлуки за целите, политиките, стратегиите, програмите и плановите со кои се насочува активноста на претпријатието. Планирањето е начин претпријатието да се приспособува на промените во окружувањето. Тоа им овозможува на менаџерте да развијат „ментална активност на менаџментот за определување на цели, политика, планови, а сето тоа засновано врз претодно предвидување на екстерното окружување и интерните услови во претпријатието“. Една сеопфатна дефиниција за суштината на планирањето е дека тоа е континуелна активност на менаџерите со која свесно, врз база на анализа и предвидување на факторите на окружувањето, одлучуваат за целите на претпријатието и избираат меѓу повеќе можни алтернативни текови на идни акции.
...
-------------------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!